Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Напишано од Administrator
Петок, 11 Јуни 2010 13:48

Осветена првата летна црква во Македонија, Параклисот Св.Петка во Сарчиево

   На 8-ми август, на големиот верски Св.Петка, во штипско Сарчиево беше осветена првата летна црква во Македонија, Параклисот Св.Петка.
   Чинот на осветување и светата архиерејска литургија го извршија архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и митрополитот Брегалнички г.Иларион со свештенослужители од МПЦ.
   Откако се заврши чинот на осветување на црквата, ктиторот Стојан Давчев им додели специјални подароци на свештениците кои го извршија чинот на осветувањето.
   Црквата Св.Петка, на овој голем ден, беше посетена од околу 10.000 посетители.
   Камен-темелникот на црквата беше поставен кон крајот на месец Април оваа година.

  •  

Котелот во Штип

   Оваа недела, котелот во кој ќе се вари гравчето за Гинисовиот рекорд ќе биде поставен на плоштадот во Штип.
   Остана уште малку време до одржување на големата манифестација во малото штипско населено место Сарчиево. Оваа недела котелот ќе биде поставен на плоштадот во Штип, па така штипјани ќе имаат можност да го видат котелот во кој на осми август по традиционален македонски рецепт ќе се вари гравче во количина од 3450 килограми. Исто така, оние граѓани на Штип  кои сакаат да донираат финансиски средства, тоа може да го направат на лице место, каде што на еден од држачите на котелот има поставено каса или пак тоа да го направат на жиро-сметка која е испишана на самиот котел, односно за Гинисов рекорд 380138537503167 - Прокредит банка АД Скопје.
   Истиот ден, во Сарчиево, по повод верскиот празник Света Петка ќе се одржи осветување на обновената црква Света Петка и нејзината камбанерија. Во моментов се уште траат градежните работи околу црквата, па штипјани и тука може да учествуваат со свој доброволен прилог на жиро сметката за манастирскиот комлекс 380138537504137 - Прокредит банка АД Скопје. Инаку, откако котелот беше отстранет од плоштадот Македонија во Скопје, поставен е во скопската населба Маџари, пред објектот на приватната фирма Дасто, чиј соственик, Господинот Стојан Давчев е иницијатор и организатор на целокупната манифестација. Во Дасто завршија последните контроли на котелот, сега се чека на неговата преселба во Штип, а потоа во Сарчиево. На крај, нам ни останува да ве поканиме на големиот настан, а потоа сите заедно да пробаме од вкусното македонско гравче, прочуено во целиот свет.

Сарчиево

   Населбата се наоѓа на крајниот северен дел на Општина Штип во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Селото е рамничарско, со надморска височина од335 метри. Од градот Штип населбата е оддалечена 15 километри. Атарот зафаќа простор од 9,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 532 ха, на пасиштата отпаѓаат 397 ха, додека шумско земјишпте нема. Населбата е мала и во фаза на раселување. Така, селото во 1961 година имало 235 жители, а во 1994 бројот се намалил на 54 жители, населени со македонско население. Со пописот од 2002 година, утврдено е дека во село Сарчиево живеат 21 жител.

 

Сарчиево 08.08.2010

 

 

Македонско гравче за Гинис

Почитувани,

    Ве информираме дека на 08.08.2010 на големиот верски празник Св. Петка во истоимената црква во с. Сарчиево, Штип во котел од 3450 литра ќе се готви традиционално македонско гравче. На овој ден ќе биде осветена новата летна црква Св. Петка, а истовремено ќе се направи обид за рушење на  СВЕТСКИОТ ГИНИСОВ РЕКОРД  за најголем котел во кој се варел грав.
    Настанот ќе биде проследен со богата културно-уметничка програма во присуство на истакнати личности од земјава и странство. На рушењето на СВЕТСКИОТ РЕКОРД лично ќе присуствува официјален судија од Интернационалната организација СВЕТСКИОТ ГИНИСОВ РЕКОРД, кој ќе ги надгледува подготовката и текот на готвењето.
    На осветувањето на првата летна црка во Македонија ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и владици од регионот, а планирано е присуство на претседателот и премиерот на Република Македонија.
    Главната манифестација ќе се случува на 08. август 2010 година (недела) од 07:00 часот до 15:00 часот.
    Со доброволениот прилог на отворените жиро сметки: 380138537504137 и 380138537503167 во ПроКредит Банка, граѓаните ќе помогнат за доизградба на манастирскиот комплекс во с. Сарчиево и ќе ја подржат иницијативата со која организаторт го привлекува вниманието на светот на несекојдневен начин.
    Котелот од 12 до 21 јуни 2010 год. ќе биде поставен на Плоштадот Македонија.

Иницијатори и организатори
ДАСТО Скопје
Вики и Стојан Давчеви

Последно освежено ( Вторник, 10 Август 2010 14:48 )

Сарчиево со македонското гравче влезе во Гинис. Дали сметате дека ова е добра промоција на Македонија во светот?